Во Крива Паланка работилница за методологија за распределба на буџет за граѓански организации

Од:

Развивање на генералната рамка на методологијата за распределба на средства од буџетот на општината за поддршка на граѓански здруженија беше темата на денешната работилница што се одржа во Градскиот музеј, Крива Паланка, на која присуствуваа дваесетина преставници од здруженија на граѓани од различни области кои дејствуваат на подрачјето на општината.

Настанот е дел од проектот „Силни граѓански здруженија за позитивни социјални промени“ кој го имплементираат Фондација за развој на локалната заедница, Штип, Центар за одржлив развој „Алка“ и Институт за развој на заедницата, а е финансиран од Европската унија.

Целта на проектот е зголемување на влијанието на локалните граѓански организации во процесите на донесување на одлуки за позитивни социјални промени. Тоа ќе се реализира со креирање транспарентни и отчетни процедури од локалните самоуправи за финансирање на граѓанските организации од буџетите и стимулирање нивно пресликување во локалните самоуправи.

Би можело да ве интересира

Тешко повреден рудар од Крива Паланка

Во несреќен случај загина маж од Крива Паланка

Жена со здравствени проблеми нападнала негувателка, а потоа предизвикала пожар и починала

А1он

Пуштен патот Крива Паланка -Деве Баир, Николовски најави повеќе нови проекти

Предраг Петровиќ

Наум Поцев го фати чесниот крст од водите на Крива Река

А1он

Селото Дренак во кривопаланечко десетина дена е отсечено поради снегот