ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати во Собрание на седницата за Законот за јазиците

Од:

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ која од средината на декември ја бојкотира работата на Собранието, в понеделник, 29 јануари, ќе се врати во законодавниот дом за да учествува на расправата за Законот за јазиците.

Според ВМРО-ДПМНЕ, инаетењето на предлагачите на сила да го истуркаат неуставниот закон за двојазичност не е на штета само на ВМРО-ДПМНЕ, туку на Република Македонија.

„Одлуката на Владата да не го повлече законот и да не отвори конструктивна расправа околу законот може да предизвика долгорочни последици по државата и да ја наруши кохезивноста меѓу граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ е на страна на граѓаните и Република Македонија и затоа ќе стори се во одбрана на државните и национални интереси. Затоа ВМРО-ДПМНЕ и пратеничката група ќе сторат сè што е во наша моќ за да се спречи ваквата деструктивна политика. Пратеничката група ќе се врати во собраниските клупи и со амандмани ќе се обиде да го превенира донесувањето на неуставниот закон“, изјави Митко Јанчев, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Преку нашето присуство во парламентот, додаде тој, ќе се обидеме уште еднаш да ги убедиме пратениците од парламентарното мнозинство во ризикот од последиците на носење на овој закон, кој не само што излегува надвор од рамките на Уставот и охридскиот договор, туку ги става во подредена позиција на Турците, Ромите, Србите, Бошњаците и припадниците на сите останати етнички заедници во Република Македонија.

„Законот има бројни пропусти и затоа е несфатливо неконструктивното однесување на СДСМ и одбивањето на предлозите да се формираат работни групи составени од претставници на сите парламентарни групи во Собранието на Република Македонија, со вклучување на експертска и стручна јавност од Правните факултети во државата, претставник од кабинетот на Претседателот на Републиката и од МАНУ. Сигурни сме дека ваквата дебата ќе придонесеше за подигнување на довербата и демократската атмосфера кои ќе резултираа со отстранување на неуставните елементи на овој закон за јазици“, рече Јанчев.

Законот за јазиците месецов беше изгласан од парламентарното мнозинство, но претседателот Ѓорге Иванов одби да го потпише. Поради тоа, Законот повторно се враќа во собрание, а неговото трето читање е закажано за в понеделник, 29 јануари.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Зошто од истрагата е изоставен Томо Донев кој до несреќата повеќе од една година е началник за криминалистички работи во Кочани

ВМРО-ДПМНЕ: Во Здравство знаеле дека договорот и анексот на Филипче се криминални, одбивале да ги потпишат

Не помина предлогот на Апасиев за надзорна расправа во Собранието за трагедијата во Кочани

ДУИ: Изградбата на над 150 дивоградби во Чаир не е само урбан криминал, туку и политички притисок врз челниците на партиите миленици на Мицкоски

Ќе креираат хаос, ќе го дестабилизираат Скопје за да дефокусираат, тврди Данела Арсовска

Катерина Ѓуровски

Безбедносната зона околу Собрание не била за да нема протести, туку заштита од градење на приватни субјекти