Парламентарните средби во куќата на Жан Моне одложени за март

Од:

Средбите меѓу претставници на парламентарните партии од македонското Собрание во рамки на процесот „Жан Моне“ се одложени за март. Првично тие требаше да се одржат во куќата на Жан Моне во близина на Париз на 25 и 26 јануари.

Претседателот на Парламентот Талат Џафери за МИА вели дека средбите се одложени за март во договор со европратениците кои ја дадоа иницијативата за разговори на пратениците од власта и опозицијата во куќата на Жан Моне, по насилниот инцидент во Собранието на 27 април.

Причина за одложувањето било, како што посочи Џафери, овие средби да не се доведат во контекст на разговорите за решение на спорот за името со Грција, кои се интензивирани во овој период, но и да и се даде време на опозициската ВМРО-ДПМНЕ да се консолидира по изборот на новото раководство, да се изберат нови орган, за потоа со свои претставници да можат да се вклучат во разговорите.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Усвоена Резолуција против демократијата

Собранието изгласа Резолуција за осуда на опозициските манипулации и нелегалната миграција

Горан Наумовски

Собранието ги донесе измените на Законот за буџетите

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Катерина Ѓуровски

Предлог одлуката за разрешување на Коцевски пристигна во Собранието

Горан Наумовски

Собранието го донесе Буџетот за 2026 година