Судиите ќе одлучуваат за притворот на режисерот Борис Дамовски

Од:

Осомничениот за крвавиот четврток во Собранието, режисерот и продуцент, Борис Дамовски, во 14 часот преку неговиот адвокат од апелационите судии ќе побара да му биде укиинат притворот кој го издржува во затворот во Шуто Оризари.

Нему првично му беше определен куќен притвор, но откако Обвинителството вложи жалба, кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 ја преиначи претходната одлука и определи притвор, мерка, која беше продолжена.

Досега скопска Апелација на јавни и нејавни седници ги потврди одлуките на кривичниот суд за сите осомничени за настаните од крвавиот четврток во Собранието.

В.М.

Би можело да ве интересира

Јане Ченто поднесе кривична пријава против Вилма Русковска за случајот „27 април“

Мицкоски: „27 април“ е политички монтиран случај од страна на претходната власт

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава

Јане Ченто поднесува кривична пријава против Вилма Рускоска за 27 април

Почина Кире Ѓорѓиевски, осуден за тепањето на Зијадин Села во случајот „27 април“

Катерина Ѓуровски

Почина Игор Југ, еден од осудените за „27 април“

Катерина Ѓуровски