Средба на Јавниот обвинител на Република Македонија со претставници на Здружението на новинари на Македонија

Од:

Претставници на Здружението на новинарите на Македонија денес се сретнаа со новиот Јавен обвинител Љубомир Јовески, на која се разговараше за подобрување на меѓусебната соработка за прашања од заеднички интерес.

Претседателот на ЗНМ Насер Селмани изрази загриженост дека во Македонија постои политика на неказнивост на насилството на новинари. Селмани побара од Јовески обвинителството побрзо да ги процесуира овие предмети со цел насилниците да се изведат пред лицето на правдата.

Тој се пожали дека во изминатиот период обвинителството ги има одбиено пријавите за говор на омраза против новинари, без сериозна аргументација. Селмани побара обвинителството повторно да ги разгледаат овие пријави и да види дали обвинителите постапиле одговорно.

Беше договорено да се организираат заеднички обуки за новинари и обвинители со цел да се подобри известувањето на новинарите и постапувањето на обвинителите за случаи поврзанi со слобода на говорот.

Јавниот обвинител Јовески вети дека ќе даде динамика на предметите за насилство против новинари и ќе ги разгледа одбиените пријави за говор на омраза против новинари. Според него соработката на обвинителството и Здружението на новинари на Македонија е од взаемен интерес.​

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Попречувањето на новинарската работа е недозволиво

А1он

ЗНМ: Грубо прекршување на правата на новинарката Мирослава Симоновска: Повик за итна истрага

Чадиковски ги повика институциите да се најдат сторителите на запаленото возило на директорот и новинар на штипската Телевизија М НЕТ

ЗНМ: Запалено возилото на колегата Серсемов, бараме итна акција на МВР

Судскиот совет одлучи по претставката на ЗНМ: јавен укор за судијата Спировска Панева

ЗНМ: Нова контроверзна пресуда на Основниот граѓански суд Скопје