„Еко герила – Тетово“: Општината да го исполни ветувањето за набавка на градски автобуси

Од:

Од движењето „Еко герила – Тетово“ денеска реагираа, како што велат, на несериозноста која ја покажуваат надлежните лица во општината кон потребите на граѓаните за транспорт во градски автобуси. Реакцијата следува по информација дека Министерството за транспорт и врски не добило никакво барање од Општина Тетово за набавка на автобуси.

„Сметаме дека Општина Тетово уште еднаш демонстрира несериозност кон потребите на граѓаните“, се наведува во соопштението. Од движењето истакнуваат дека со воведување автобуси, Општината може да помогне и во намалување на загадувањето на воздухот предизвикано во, одредена количина, и од големиот број возила на улиците.

„Сакаме да ги потсетиме општина Тетово и нејзиниот градоначалник дека се здобија со власт ветувајќи им на граѓаните, меѓу другото, и ефикасен јавен превоз. Ги повикуваме локалните власти да не се потсмеваат на потребите на граѓаните, туку да им служат правилно и како што им имаат ветено“, велат од „Еко герила – Тетово“ во реакцијата.

Оттаму додаваат дека улиците пред домовите на многу граѓани и натаму не се исчистени од правта собрана во текот на подолг временски период, која претставува, како што велат, секојдневен ризик за децата и граѓаните на Тетово.

„Општина Тетово треба да ги преземе обврските и одговорностите и според законот и надлежностите да изнајде соодветно решение за проблемите со кои се соочуваат граѓаните на Тетово“, стои во соопштението на „Еко герила“.

Би можело да ве интересира

Во Тетово е уапсен маж кој живее со малолетничка, МВР најави кривична за тетовецот

Несреќа во Тетово: 10-годишно дете падна од тераса, телото на момчето е однесено на обдукција

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

32-годишна жена од Тетово плати 3.000 евра за измислена работна виза

Горан Наумовски

ВИДЕО: Дојава за бомба во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“

Свлечишта на Шапка и во тетовско, потпорен ѕид падна врз куќа – 200 поплавени куќи во Форино

Горан Наумовски