Одложено судењето за смртта на малиот Алмир

Од:

Судењето за случајот со малиот Алмир Алиу е одложено за 6 февруари. Рочиштето се одложи по барање на адвокатот Асмир Алиспагиќ, кој го застапува обвинетиот Бобан Илиќ, поради „субјективни причини“.

Вчера револтирани граѓани излегоа на протест на Камениот мост во Скопје за да ги осудат обидите да се направи преквалификација на делото од убиство во сообраќајна несреќа со смртни последици во врска со случајот со малиот Алмир Алиу од Куманово.

Тие пред зградата на Јавното обвинителство положија цвеќе за Алмир, кој беше прегазен на 25 јуни 2016 година по расправија за ред во Здравствениот дом во Куманово, која прераснала во физичка пресметка помеѓу таткото на детето и обвинетиот Бобан Илиќ. Во обид да избега од напаѓачите, Бобан со својот автомобил удрил во ѕид од куќа и го прегазил детето.

Би можело да ве интересира

Тројца насилници од Арачиново осомничени за напад врз маж од Куманово

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

30 дена притвор за двајца насилници кои претепаа сопственик на кафеана

Горан Наумовски

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

(ВИДЕО) Левица: Од парк – шума до бетонска џунгла, Советот на Куманово го менува ликот на „Ловечки дом“

Горан Наумовски