Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство констатира дека грипот сѐ уште е со ниска активност.
Во моментов се регистрирани 1.739 случаи на заболени од грип и се очекува зголемување на активноста во следниот период.
Од Министерството соопштија дека Државниот санитарен и здравствен инспекторат испратил решенија до сите средни и основни училишта за преземање мерки за темелно чистење и за дезинфекција на училишните простории, обезбедување средства за лична хигиена (течен сапун), како и редовно следење на отсутноста на децата од настава.
Пријавени се два нови случаи на морбили од страна на Институтот за јавно здравје, кај дете на шестмесечна возраст, и маж на 40-годишна возраст.