Американскиот потпретседател Мајкл Пенс денеска во Ерусалим се сретна со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Како што пренесува „Асошиетед прес“, Пенс наишол на неочекувано топло добредојде по одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го признае Ерусалим како престолнина на Израел.
Нетанјаху му се заблагодарил на Пенс, како што рекол, на историското признавање на Ерусалим како престолнина на Израел и оценил дека американско-израелското сојузништво никогаш не било посилно.
АП јавува дека Пенс нема да се сретне со палестинските официјални лица, кои негативно реагираа на одлуката на Трамп.