Смртта на родилката ќе се испитува од комисија на МЗ, бебето во стабилна состојба

Од:

Комисија од Министерството за здравство ќе испитува како настанала смртта на 31-годишната родилка, која почина при породување во приватна болница. Тие велат дека откако ќе ги имаат сите информации, ќе ја информираат јавноста.

Неофицијалните информации велат дека откако при ставање целосна анестезија ѝ се затвориле дишните патишта, повеќе од еден час докторите се обидувале да ја вратат во живот, а, пак, по триесет минути го извадиле бебето од утробата на мајката, кое исто така било без кислород. Родилката од приватната болница била однесена во Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување.

Сè уште не се знае кога настанала смртта, од приватната клиника, но и од КАРИЛ велат дека родилката не починала во нивната установа. Настанот се случил во четвртокот, а телото беше на Институтот за судска медицина каде што била извршена обдукција. Бебето, пак, е во стабилна состојба, но сè уште прима медицински терапии.

К. Л.

Би можело да ве интересира

Алиу: Се воведува дигитално водење на медицинската документација

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години

Министерство за здравство: Законот за заштита од пушење не се одложува

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски

Граѓанските организации апелираат: Превенцијата не е трошок, туку инвестиција!