Едностано ќе го подготвите, а вкусот е неповторлив …
Потребно е:
700 мл млеко (може пола млеко, пола вода)
5 јајца
2 пудинга од јагода
100 гр путер или маргарин
10 лажици шеќер
100 гр шеќер во прав
1 лимон
1 чаша (од 200 мл) ориз
малку какао во прав, за посипување
Подготовка:
– Сварете го оризот во млеко со шеќер.
– Додадете го путерот и изренданата кора од лимон.
– Изматете 3 јајца и 2 жолчки и додадете 5 лажици шеќер. На крај додадете го прашакот за пудинг.
– Споите ги двете смеси и убаво измешајте.
– Добиената смеса сипете ја во намастена и со брашно посипана тава. Ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 30 минути.
– Преостанатите белки убаво изматете ги со 100 гр шеќер во прав и со сокот од 1/2 лимон. Со ова премачкајте го колачот и повторно вратете го во рерна на сушење на 150 степени уште 15-тина минути.
– Готовиот колач украсете го со какао во прав и послужете.