Поројни дождови предизвикаа поплави во Анталија

Од:

Поројните дождови кои вчера го зафатија јужниот дел на Турција предизвикаа поплави во местата Серик и Манавгат, источно од Анталија, а голем број станбени и деловни објекти, како и големи земјоделски површини, останаа под вода.

Спасувачки екипи и пожарникари се обидуваат да ги евакуираат луѓето, а некои училишта во Сетик се затворени.

Малата река Ацису во местото Белек се излила од коритото и ги поплавила улиците и населбите во градот, а наместо автомобили по улиците се движеле чамци. Спасувачките екипи ги извлекле на безбедно сите жители, а материјалната штета во оваа елитна населба е огромна.

Според податоците на Регионалниот метеоролошки завод, во Анталија во последните 24 часа наврнале повеќе од 180 литри дожд на метар квадратен.

Поплавите во овој дел на Турција ги прекинале и патните комуникации со некои села.

Би можело да ве интересира

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

Најмалку 100 лица загинаа во невреме во Индија

Горан Наумовски

Најмалку 17 лица загинаа во невремето во САД

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од невремето во САД се искачи на пет