Заев: Нека ни е честит и вековит, големиот христијански празник Богојавление – Водици

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, по повод верскиот празник Богојавление – Водици, упати писмо со честитки до Г.Г. Стефан, Архиепископ на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, и до сите православни верници во Република Македонија.

Во честитката на премиерот Заев до православните верници се истакнува дека на овој празник потсетува на денот кога Исус Христос се крштеваше во светите води на реката Јордан, и дека сè може од ново да се измие, очисти, обнови и повторно да се роди.

„Благородната порака на овој празник исполнува и со оптимизам, и дека надежта и жедта за доброто, совршеното и убавото никогаш не згаснува.

Со овие пораки, и со искрената верба во нив, да си посакаме подобра иднина, здравје и со добра волја да се соочуваме со сите предизвици што ни претстојат на личен и на колективен план.

Нека ни е честит и вековит, големиот христијански празник Богојавление – Водици“, се вели во писмото со честитки за празникот Богојавление – Водици на Претседателот на Владата на Република Македонија, до православните верници.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски

Левица: Ако економијата расте, зошто Владата постојано зема нови кредити?

ДУИ: Три странски инвеститори си заминаа за две години, Владата да каже колку работници останаа без работа

Владата ја продолжи кризна состојба за нафта и нафтени деривати до 20 октомври

ВМРО-ДПМНЕ: Владата инвестира 5,4 милиони евра во нови работни места