(ВИДЕО) Нацев: Правда нема, Законот не важи, институциите се злоупотребуваат

Од:

„Македонија веќе не е правна држава. Јавното обвинителство има двојни стандарди. Едни за послушниците на Зоран Заев, а други за сите оние кои мислат поинаку.

Одлуката за ослободување од обвинение на Павле Богоевски, кој со месеци дивееше низ Скопје оштетувајќи државен имот е срам за правдата и правната држава. Има ли поголем апсурд од тоа Богоевски и другите хулигани кои со недели руинираа државен имот да бидат амнестирани, а да се упатуваат закани и да се гонат оние кои работеле на спречување и покривање на штетите.

Во Македонија има селективна правда. Богоевски се пушта без обвинение, а на Заев му се извинуваат судии затоа што бил повикан на рочиште и во недоглед се одлагаат судските расправи против него. Истовремено, десетици патриоти кои се сомничат во конструиран случај за тероризам се влечат по затвори без никаква основа.

Институциите се искористени за пресметка со политичките неистомисленици, а правосудните органи не смеат да процесуираат ниту еден случај против претставник на власта.

Правда нема. Законот не важи. Институциите се злоупотребуваат. Ова е сликата за Република Македонија под власта на СДСМ. Зарем е ова животот и еднаквоста која ја ветуваше СДСМ? Ова е единствено гол политички прогон на власта која ги користи институциите за партиски цели.

Десетици патриоти се во притвор скоро два месеци, а во предметите против нив не беше преземено ниедно истражно дејствие. Тие се држат без никаков основ повеќе од 50 дена, по барање на ОЈО, а со одобрение на судот. Нивните основни права беа кршени во сите делови од истрагата, а претставници на власта на суд одат како на пазар.
Додека едните се предмет на изживување, други се привилегирани. Претставниците на таканаречената шарена револуција се привилегирани од правосудните органи, а учесниците во Заедничка Македонија се во ладни ќелии на минусни температури без никакви докази.

Македонија ги живее со своите најнедемократски моменти од осамостојувањето до денес. ОЈО со своето селективно привелигирање на функционери од власта, а прогонување на оние кои мислат поинаку, државата ја враќа во времето на комунизмот.

Двојните аршини на судството под притисок се очигледни. Државата и граѓаните стануваат жртви на системот. Ваквата неправда мора да запре“, изјави Александар Нацев.

Би можело да ве интересира

Панова: Стратегијата на претходната влада не донесе во ќорсокак со евроинтеграциите

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО