Tврдокорните в недела ќе протестираат против двојазичноста и „албанизацијата“ на Македонија

Од:

В недела на 21-ви јануари во 13 часот пред Собранието, патриотското здружение „Тврдокорни“ и „Македонски обединети сили“ повикуваат на протест на социјалната мрежа „Фесјбук“. На групата, во која засега се пријавиле дека ќе учествуваат приближно 200 граѓани, а над 400 се заинтересирани е објавено дека настанот за протестот против двојазичноста првично бил избришан. „За помалку од 24 часа настанот беше виден од 150 илјади луѓе и повеќе од 1700 луѓе беа заинтерасирани или најавија присуство. Сигурни сме дека позади ова се крие власта. Но не се откажуваме и продолжуваме, очигледно е дека ни се плашат“, пишува во објавата на „Фесјбук“.

„Браќа Македонци ве повикуваме да се придружите на протестот против двојазичноста. Слушнете го плачот на Мајка Македонија и дојдете в недела на 21-ви јануари во 13 часот пред Собранието“, се додава во поканата. „Двојазичноста е губење на македонскиот карактер на државата. И не само тоа, со двојазичноста директна ја губеме и самата држава! Со двојазичноста де факто стануваме трета албанска држава на Балканот. Македонија по секоја цена треба и мора да остане дом на македонскиот народ“, се додава во објавата. Која е причината албанскиот да биде службен јазик во Гевгелија, Валандово, Струмица, Кочани, Штип, Радовиш, Берово, Крива Паланка, прашуваат организаторите во објавата за настанот.

Би можело да ве интересира

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

Грчките земјоделци стартуваа 48-часовна блокада, граничните премини „Евзони“ и „Ники“ се затворени

Протест во Куманово: Работници од Ирак и Авганистан незадоволни од известувањата на УЈП

Горан Наумовски

Протест „Стоп за УСЈЕ“, се бара дислокација на цементарата

Протест во Тунис прерасна во судири со полицијата