Се разболе второобвинетиот во „Труст“ – следното рочиште

Од:

Поради влошена здравствена состојба на второобвинетиот во предметот „Труст“, Василије Авровиќ, судијката го одложи денешното судско рочиште.

Следното рочиште е закажано во вторник на 23 јануари. СЈО ги изведе пред судот сите докази, вклучително и бомбите, кои беа први аудио-материјали пуштени во судницата. На ред се доказите на одбраната по што се очекуваат завршните зборови и пресудата.

Во случајот „Труст“ на специјалното јавно обвинителство, првообвинет е бизнисменот Сеад Кочан, како и уште три правни и две физички лица. Тие се обвинети дека со фалсификувани документи го добиле тендерот во ЕЛЕМ вреден 17 милиони евра.

В. М.

Би можело да ве интересира

Антикорупциска: Како знае ОЈО дека Иницијативата е беспредметна кога уште не е доставена

Катерина Ѓуровски

Обвинителството и се налути на Антикорупциска заради „Труст“: Иницијативата е беспредметна и непотребна

Катерина Ѓуровски

Ајро и Бубевски: Сите наводи во кривичната пријава од Државното правобранителство за предметот „Труст“ ги отфрламе како невистинити

А1он

Врховен му ја потврди 4,8-годишната казна на Сеад Кочан за „Труст“

Кристијан Ландов

Сеад Кочан иако требаше, се уште не се пријавил во Идризово

Виктор Јованов

Кочан мора веднаш во затвор, не успеа да ја одложи казната

Виктор Јованов