Kрилниот играч Дејан Манасков и младиот бек, Филип Кузмановски, се потрстижаа на „кец“ поради, како што напиша Манасков на својот Инстаграм-профил, загубен облог.
„Нова фризура! Кладба си е кладба“, напиша Манасков на социјалните мрежи во прилог на фотографијата.
Како што пренесоа спортските медиуми, облогот меѓу репрезентативците бил дека Македонија ќе заврши на прво место во групата.
Македонија во вториот круг пренесува три бода, а прв ривал во Вараждин ќе ни биде репрезентацијата на Шпанија. Во другите два натпревара нашите ракометари ќе ги одмерат силите со селекциите на Чешка и Данска.