Брзите пруги на Европа: Од Барселона до Париз за само 6,5 часа

Од:

Шпанија отвори нова линија за брзи возови, со почетна станица во Барселона и попатни одредишта во Франција. Новата пруга е долга само 131 километар, а е дел од сеопфатниот проект чија цел е комплетно поврзување на шпанските и француските брзи пруги.

Оваа врска, која според шпанските официјални лица ќе биде завршена во април, ќе овозможи патување од Барселона кон водечките француски градови без преседнување.

Вкупната вредност на градежните работи изнесува 3,7 милијарди евра, а патниците за само 6,5 часа, односно еден час пократко од порано, ќе можат да стигнат во Париз од Барселона или обратно.

Шпанскиот престолонаследник принцот Филип, премиерот Мариано Рохај и претседателот на Каталонија Артур Мас ја отворија новата линија која ги поврзува Барселона со Џирона и Фигерес, градови на границата со Франција.

Со 3.000 километри брзи пруги Шпанија го зазема вторто место во светот, веднаш зад Кина.

Би можело да ве интересира

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Предраг Петровиќ

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ