Предуслов за траен мир и стабилност е влезот на сите земји од Југоисточна Европа во ЕУ, изјави хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ.
Таа изјави дека посакува регионот да стане пример за подрачје кое ги премостило воените случувања и тргнало по пат на развој и реинтеграција на меѓународните односи и интеграција во ЕУ и НАТО.
– Ние сакаме да бидеме пример за останатите подрачја во светот, каде што има многу кризни жаришта, на кои им се потребни децении да се средат, вели Китаровиќ.
Медиумите во Босна и Херцеговина пишуваат дека Китаровиќ го употребила терминот Југоисточна Европа наместо Западен Балкан, бидејќи тој израз во ЕУ создавал негативна конотација и одбивност.