Димитров „оптимист со грижи“ за исходот од разговорите за името

Од:

„По природа сум оптимист, а во случајов сум оптимист со грижи“, вели македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров во изјава за Дојче веле, запрашан дали е оптимист за исходот од обновениот процес за решавање на прашањето за името што се води со посредство на претставникот на ОН Метју Нимиц.

Димитров очекува посредникот на ОН на денешната рунда разговори за името во Њујорк да понуди првична рамка што ќе овозможи суштински напредок во решавањето на спорот.

– Очекувањата се, од страна на господинот Нимиц да биде понудена првична рамка што ќе помогне да ги структуираме дискусиите, со надеж дека тоа ќе овозможи суштински напредок, изјави шефот на македонската дипломатија.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија