Македонската ракометна федерација е казнета со 2000 евра поради тоа што македонските ракометари носеле несоодветна опрема.
На дуелот со Словенија, нашите ракометари носеле различни чорапи, поради што РФМ е казнета со 1000 евра.
Казна во иста висина следува и за тоа што дел од македонските ракометари носеле гаќички под шорцевите во различна боја.
Македонската репрезентација поради несоодветна опрема беше казнета и на Европското првенство пред 2 години.