Малолетник прегази жена во Крива Паланка

Од:

Попладнево на улица Св. Јоаким Осоговски во Крива Паланка малолетник прегазил 44-годишна жена, која што починала на лице место.

Како што известија од МВР, несреќата се случила денеска околу 14.30 часот, кога малолетникот Д.Н. со возило „ауди А3“, движејќи се од центарот на Крива Паланка кон периферијата удрил во жената И.Н. родена во 1973 година.

Жената била тешко повредена, по што со возило на итната медицинска помош била пренесена во здравствениот дом во Крива Паланка, каде што бил извршен обид за реанимација, но неуспешен, по што лекарите констатирале смрт.

Увид на местото на несреќата извршиле екипи на МВР и Основното јавно обвинителство.

Би можело да ве интересира

Градоначалникот на Крива Паланка да не се амнестира од проблемот со кравите, реагира АХВ

Уапсена е краварката од Крива Паланка по нарушување на јавниот ред

Горан Наумовски

„Сусурига 2026“ го оживеа културното наследство по повод празникот Прочка

А1он

Во несреќен случај загина 83-годишен мотоциклист

Горан Наумовски

(ФОТО) Крива Паланка пак е најубаво украсен град во Македонија

А1он

Камион излета од патот Деве Баир – Крива Паланка кај Самоков, сообраќајот во прекин

Горан Наумовски