Повторно забранета продажбата на алкохол на жени во Шри Ланка

Од:

Повторно во сила се врати законот во Шри Ланка според кој жените немаат право да купуваат алкохол, ниту да работат во продавници каде што се продава алкохол.

Оваа одлука претседателот на Шри Ланка, Маитрипала Сирисена ја донесе откако минатата недела министерот за финансии Мангала Самаравира го укина овој закон од 1979 година.

Претседателот истакна дека разговарал со министерот и други претставници на владата и побарал поништување на одлуката за повлекување на забраната.

Претставници на Министерството за финансии соопштија дека забраната била укината поради големиот број барања од луѓе кои се занимаваат со туризам, а кои барале да се продолжи работното време на баровите и на жените-туристи да им се дозволи да купуваат алкохол.

Би можело да ве интересира

Милион и половина евра од ЕУ за хуманитарни цели во Шри Ланка

Ана Ололовска

Побегнатиот поранешен претседател на Шри Ланка, Раџапакса се врати во татковината

Ана Ололовска

Владата на Шри Ланка бара ограничување на ингеренциите на претседателот

А1он

Протест против владината репресија на Шри Ланка

Парламентот на Шри Ланка изгласа продолжување на вонредната состојба

Динеш Гунавардена денеска положи заклетва како премиер на Шри Ланка

Ана Ололовска