Лавров: Спорот за името оживеа кога САД одлучи Македонија да влезе во НАТО

Од:

Русија најверојатно ќе го признае новото име на Македонија, кое ќе го договорат Скопје и Атина, изјави шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, за време на годишната прес конференција, на која зборуваше за надворешната политика на Русија во 2017 година. Лавров рече дека тој спор долго време бил во полузаспана состојба и дека сега оживеал, кога САД одлучиле Македонија да влезе во НАТО.

Шефот на руската дипломатија потсети дека Грција е веќе членка на НАТО и дека на неа не ѝ е неопходно да прави отстапки, туку на Македонија.

Какво било решение, кое ќе го најдат двете страни и тоа да биде поткрепено со македонскиот устав, ние најверојатно ќе го прифатиме, нагласи Лавров.

Би можело да ве интересира

Сирски: Русија е вечен непријател

Дубински: Прозападните медиуми намерно ги делат Русите и Украинците

Лавров: Се надевам дека ноќе на Макрон му е непријатно поради Русија

Лавров ги објави руските услови за мир

Русија и Украина разменија заробеници

САД ѝ забрани на Украина да користи ракети со долг дострел за напад врз руска територија

Горан Наумовски