Официјалниот коментатор на ЕХФ, Том О’Бранаган ја поздрави победата на македонскиот ракометен тим во Загреб, оценувајќи дека има голема разлика откако тимот е под раководство на селекторот Раул Гонзалес.
The difference in their MKD team with Raul coaching them. Freedom, expression, skill, power, exciting. @EHFEURO
— Tom Ó Brannagáin (@obrannt) January 13, 2018
„Разлика во македонскиот состав под водство на Раул. Слобода, изразување, талент, моќ и возбуда“, напиша Том О’Бранаган на Твитер.
Македонија вчера оствари победа над Словенија (25-24) во првиот меч на европскиот шампионат во Хрватска.