„Направивме неколку глупави грешки на почетокот. Ни требаше време за да влеземе во мечот. Потоа откако се вративме се играше гол за гол.
– Успеавме да се снајдеме и кога беше најпотребно да го покажеме најдоброто. Сега ќе ни треба време за да се одмориме и да се вратиме во ритам и да можеме добро подготвени да го дочекаме дуелот против Црна Гора“, изјави Филип Миркуловски по победата над Словенија на Европското првенство во Загреб.