Цел арсенал на оружје пронајден во џип на кичевец

Од:

Од страна на полициски службеници од Кичево, на 11-ти јануари годинава во домот на С.Ѓ. (49) бил извршен претрес, при што неговиот син Ј.Ѓ. бил забележан како во џип „Чироки“ со кичевски регистарки ознаки, става огнено оружје.

Полицајците извршиле преглед во возилото, при што биле пронајдени и одземени: три пиштоли, една автоматска пушка, една полуавтоматска пушка, ловна и воздушна пушка, рачна бомба, една граната за светлосен сигнал, една звучна граната, топовски удар, повеќе оквири за автоматска и пиштолска муниција и околу 270 парчиња пиштолска и автоматска муниција.

Ј.Ѓ. бил лишен од слобода и однесен во Полициската станица – Кичево, а од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.

Би можело да ве интересира

Пентагон бара од одбранбената индустрија побрзо производство на оружје и муниција

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

Залужни: Русија најде противмерки за речиси целото западно оружје што го користи Украина

Франција ги менува правилата: Полицијата е невина додека не се докаже спротивното

Во Украина „исчезнаа“ речиси 800.000 парчиња оружје

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он