Новакоски: Со притворот на Василевски, притворени се 60 илјади граѓани кои го избрале

Од:

Ние имаме 60 илјади граѓани против одлуката за притвор за Сашо Василевски, бидејќи толку граѓани гласале за него, рече адвокатот Александар Новакоски на денешната јавна седница во Апелациониот суд.

„Гарантирам дека Василевски редовно ќе се јавува во судот“, рече адвокатот и додаде дека Судот ја прекршил постапката за одземање на имунитет на Василевски.

„Не сакам да бидам сентиментален, но го познавам човекот 40 години. Ако сакал, Василевски имал 8 месеци и можел да избега. Сашо се врати од Бугарија кога дозна дека е осомничен за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. Пратеникот на 27.04 бил на работното место, тој морал да биде во Собранието“, рече Новакоски, кој додаде дека незаконски бил и претресот во домот на пратеникот.

Како што рече адвокатот, Сашо не е казнет ниту за сообраќаен прекршок и тој не е во можност да го повтори кривичното дело. Тој побара укинување на притворот и даде гаранција дека Василевски редовно ќе се јавува во судот.

Наталија Тасевска од Вишото јавно обвинителство рече дека бара притворот да остане затоа што, како што рече, Василевски може да влијае врз сведоците и да преземе дејствија со кои ќе ја отежне истрагата.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ кој се наоѓа во притвор за крвавиот четврток не се појави на јавната седница во Апелациониот суд.

В.М.

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Правда за новинарката Душица Мрѓа за „27-ми Април“: значаен чекор напред во борбата против заканите врз медиумските работници

Се предаде Дејан Давидовски Дешо, баран по меѓународна потерница за настаните од 27 април

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Пандов пушта од затворите лица осудени за 27 април

Катерина Ѓуровски

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ кој не смееме да дозволиме да се повтори

Горан Наумовски

Јанакиески бил незаконски притворен и држен во домашен притвор за „Шпански скали“ и 27 април, пресуди судот во Стразбур

Александар Тодески

(ВИДЕО) Го спаси Села во собранието, одлежа шест години затвор: Алими денеска излезе на слобода

А1он