Македонците, Србија, Црногорците и Босанците се со поделени мислења во однос на пристапувањето кон Европската унија, покажа последното истражување „Хоризон 2020“.
Околу 60 отсто од испитаниците во Србија се евроскептици, оценувајќи дека од Унијата ќе имаат корист само богатите и моќните. Тие сметаат дека пристапувањето кон ЕУ ќе го загрози нивниот културен идентитет и економијата.
Во Македонија, 50 отсто од испитаниците биле против ЕУ, а потоа следуваат граѓаните на Босна и Херцеговина и на Црна Гора и покрај тоа што Подгорица е пред влез во ЕУ.
Жителите на Албанија и Косово не го делат ставот дека пристапувањето кон ЕУ ќе влијае лошо на нивниот културен идентитет или економија.