Доколку германските ракометари ја одбранат титулата Европски шампион на првенството во Хрватска тие меѓусебе ќе поделат четврт милион евра.
Премијата од 250 илјади евра, Ракометната Федерација на Германија ќе ја додели доколку повторно стигнат до златниот медал.
– Го зголемивме наградниот фонд на барање на ракометарите и тоа со право. Очекуваме добра игра на ова ЕП и веруваме во нив, изјави Боб Ханинг потпретседателот на Ракометната федерација на Германија.
Доколку германците освојат сребро меѓу себе ќе поделат 200 илјади евра, а дококлу завршат третопласирани наградата изенсува 150 илјади евра.
Германија е еден од противниците на Македонија во групата Ц, а меѓусебниот дуел се игра на 17 јануари во 18:45.