Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески изјави дека „ТАВ“ средствата наменети за карго аеродром во Штип, кој нема да се гради, ќе ги инвестира во јавно добра од интерес за граѓаните.
– Министерството има распишано одреден број тендери за канализации. Но, генерално тие 45 – 46 милиони евра ќе се наменат за посебни потреби на граѓаните, рече Сугарески по увидот во градежните работи на наплатната рампа Сопот.
Тој истакна дека се прават анализа за формирање на национален авиопревозник и дека тоа прашање ќе се регулира по примерот на Србија, со јавно-приватно партнерство.