ВИДЕО: Демонстранти пред Собрание извикуваа погрдни зборови кон министрите

Од:

Зголемено полициско присуство и помала група луѓе се забележува пред Собранието, каде што денеска беше изгласан Законот за употреба на јазиците.

Насобраните извикуваа погрдни зборови откако го забележаа министерот за култура, Роберт Алаѓозовски. Тие му рекоа дека ја распродал државата и извикуваа „Предавници“, „Предавници“.

Страшко Олумчев, претседателот на Семакдеонскиот национален совет, рече дека уште кога бил предложен овој закон, тие поднеле претставка до Уставниот суд.

„Одговорот беше дека Уставниот суд не е надлежен да стопира постапки во процедура. Ова што се направи сега во Собрание е спротивно на членот 7 од Уставот. Во случај кога законодавниот дом носи законски акти контра Уставот имаме проблем во самата држава“, рече Олумчев.

Тој прашува: „Кој кажа за одредена општина или за цела држава дека Албанците се 20 отсто, каде е запишано, со кој попис?“

„Повеќепати кажав дека претседателот Иванов е кукавица и тоа и ќе му го кажам во лице“, рече Олумчев и додаде дека побарал средба со него за да му каже зошто не треба да го потпише Законот.

Со мнозинство гласови, Собранието го изгласа Законот за употреба на јазиците. Вкупно 69 пратеници гласаа „за“, без ниту еден против или воздржан. Во второто гласање, пак, на другите етнички заедници, освен македонската, 27 од вкупно 28 пратеници гласаа „за“, додека, пак, еден беше воздржан. Како што појасни претседателот на парламентот, Талат Џафери, овој закон се носи со мнозинство пратеници од помалите етнички заедници.

Предлог-законот за употреба на јазиците содржи 25 члена. Тој предвидува во сите органи на државната власт во Република Македонија, централни институции, јавни претпријатија, агенции, дирекции, установи и организации, комисии, правни лица кои вршат јавни овластувања согласно со закон и други институции, службен јазик покрај македонскиот јазик и неговото писмо да е и јазикот што го зборуваат 20% од граѓаните на Република Македонија и неговото писмо, на начин определен со овој закон.

К. Ландов

Би можело да ве интересира

На 29 јули интерпелација за републичкиот јавен обвинител – Љупчо Коцевски

А1он

Пратениците дебатираат за ребалансот на Буџетот за 2025 година

Утре на пленарна седница ќе биде дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2025 година

Собранието ќе одлучува за дополнетиот ребаланс на Буџетот одобрен од Владата

Мицевски: Владата има луѓе, има механизација сега и се справува со сите можни и неможни позиции коишто ги има

Левица: Африм Гаши, уценет од ВМРО-ДПМНЕ, илегално ја поништи закажаната Надзорна расправа за Кочани