ВИДЕО: Обновен објектот на граничната полиција во Гевгелија

Од:

Задоволство ми е што сме денеска овде на завршувањето на реконструкцијата на објектот на Железничкиот граничен премин во Гевгелија, како дел од проектот за подобрување на условите за работа на полициските службеници, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по денешната посета на реконструираниот објект на полициската станица за гранични проверки и граничен надзор „Богородица“-железнички премин во Гевгелија.

„Целосната инвестиција на МВР е во висина од околу 3,5 милиони денари за овој објект со некаде околу 1500 квадратни метри. Заложба на раководството на МВР е да ги подобриме условите за работа на колегите бидејќи најважно е полицијата да биде добро опремена, да има добри услови, а на основа на тоа да бараме и подобра работа, подобра ефикасност и зголемена безбедност на граѓаните на Република Македонија.Вакви проекти ќе имаме во текот на целата 2018 година“, рече министерот Спасовски потенцирајќи дека не е исто на работа да се оди во стара униформа и во работни простории што се граничат со субстандардност или да се оди на работа со обезбедени услови за работа според сите стандарди.

Во буџетот на МВР за 2018 година одвоени се 30.000.000 денари со кои ќе бидат уредени и реконструирани полициските станици во државата, со цел да се обезбедат максимални услови за работа на полициските службеници.
Министерот Спасовски при посетата на Гевгелија оствари работна средба и со градоначалникот на Гевгелија Сашо Поцков.

Би можело да ве интересира

Кривична за екс директорот на затворот во Струмица: Пуштал да се шетаат затвореници кои немале право на привилегии, манипулирал со документацијата

МВР бара помош од граѓаните: Кој има информација за Марк Јорис веднаш да не алармира

Градоначалник асфалтирал улица, сега е осомничен за две кривични дела

Горан Наумовски

Претрес во Штип, пронајдена дрога

Предраг Петровиќ

МВР уапси двајца крадци кои краделе домашни животни

Пуштиле осуденик на слобода зошто немало место во затвор, кривична за тројца битолски полицајци

Катерина Ѓуровски