Град Скопје најави завршување на бесплатниот превоз утре, ЈСП уште денес

Од:

Наспроти соопштението на Град Скопје дека бесплатниот автобуски превоз во главниот град ќе престане од утре, ЈСП Скопје соопшти дека тоа не важи од денес од 16 часот.

– Почитувани патници,Ве известуваме дека мерките за бесплатен превоз во автобусите на ЈСП и на приватните превозници ПРЕСТАНУВА од овој момент (16,00 часот) 10.01.2018, се вели во соопштението на ЈСП, објавено на нивниот веб сајт.

Бесплатниот јавен превоз беше дел од мерките кои што Град Скопје ги воведе на 8 јануари откако воздухот во главниот град беше загаден два дена со ред. Тие завршуваат денеска бидејќи среднодневните концентрации на ПМ10 (200 µг/м3) биле под дозволената граница.

Би можело да ве интересира

Скопјани му должат на Градот над 36 милиони евра

Град Скопје удри по дивите таксисти – се одземаат возила, има и парични казни

А1он

Во Скопје од денеска 50 евра казна за фрлање ѓубре меѓу 22 до 06 часот

Левица: Не гласавме за крајно нетранспарентниот Ребаланс на Буџетот на Скопје во кој се кријат партиски вработувања

Ѓорѓиевски: Донесен е ребалансот на Буџетот на Град Скопје, обезбедени се средства за булевари, паркови, зголемени капитални инвестиции

Предраг Петровиќ

Ѓорѓиевски: Kонечно Скопје за Нова Година ќе биде украсено како што треба да биде

А1он