Во најквалитетното Англиското фудбалско првенство попладнево на програмата беа осум натпревари од 22. коло, а во еден од нив, тимот на Челзи со убедливи 4:0 победи на гостински терен против Стоук.
Два автогола постигна Волтерс, по еднаш погодија Лампард од пенал и Азар.
Постигнати резултати на другите седум денешни натпревари во Премиер лигата: КПР – Тотенхем 0:0, Астон Вила – Саутемптон 0:1, Евертон – Свонси 0:0, Фулам – Виган 1:1, Норвич – Њукасл 0:0, Рединг – ВБА 3:2 и Сандерленд – Вест Хем 3:0.
Во Манчестер и во Лондон утре ќе се одиграат дерби натпреварите во ова коло. На „Олд Трафорд“ лидерот Манчестер Јунајтед ќе му биде домаќин на Ливерпул. Оваа средба ќе стартува од 14 часот и 30 минути, а од 17 часот закажан е почетокот на мечот Арсенал – Манчестер Сити.
Табела: Манчестер Јунајтед 52 бодови, Манчестер Сити 45, Челзи 41, Тотенхем 40, Евертон 37, Арсенал 34, ВБА 33, Ливерпул 31,…