УХМР: Се намалува водостојот кај реките

Од:

Речиси шест пати понизок од просекот за јануари е водостојот на реката Сатеска кај Ботун, а 3,5 пати е намалено нивото на Вардар кај Јегуновце, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Околу 2,5 пати понизок е и водостојот на Црна Река кај Новаци, а намалени се и нивоата на Вардар кај Скопје и Велес, Треска кај Македонски Брод и Брегалница кај Берово.

Водостојот на Вардар кај Демир Капија е ист со вообичаениот за овој месец, а Пчиња кај Катлановска Бања и Црн Дрим кај Ложани имаат повисок водостој од просечниот.

Нивоата на Охридското, Преспанското и Дојранското езеро се во рамките на јануарскиот просек.

Би можело да ве интересира

Зголемено нивото на реките, езерата во рамки на просекот за јуни

Зголемен водостојот на Преспанското Езеро

Ана Ололовска

Зголемен водостојот на Охридското Езеро

Ана Ололовска

Зголемен водостојот на Охридско Езеро, Преспанско под апсолутниот минимум

Ана Ололовска

Зголемен водостојот на Охридското Езеро

Ана Ололовска

Намален водостојот на Охридското Езеро

Ана Ололовска