(ВИДЕО) Заев: За нас нема црвени линии во разговорите за проблемот со името

Од:

Македонскиот премиер Зоран Заев во интервју за грчката телевизија Алфа изјави дека постои оптимизам и убеденост дека двете страни имаат капацитет и можат да најдат решение за проблемот со името до крајот на првата половина на 2018 година.

Тој кажа дека решението треба да биде прифатливо и за двете земји, со коментар дека такво решение постои, но избегна да открие детали, за, како што рече, да не го урниса преговарачкиот процес.

Македонскиот премиер кажа дека тој и Ципрас делат исти лидерски вредности, родени се во иста година.

– Може Господ така сакал да се родиме во иста години за да можеме токму ние лидерите да решиме еден суштествен проблем кој постои помеѓу нашите две земји, рече Заев.

– Убеден сум дека постои решение и редот е секако тоа решение за граѓаните на Грција да го соопшти премиерот Алексис Ципрас, а јас на моите граѓани овде да им го соопштам решението. Но, верувам дека постои можност до крајот на првата половина од 2018 да изнајдеме решение, коешто дефинитивно ќе ја унапреди соработката меѓу нашите две земји и кога конечно, јас ќе можам да кажам како премиер на мојата земја, дека стекнавме уште еден голем сојузник, а тоа е нашиот јужен сосед, рече македонскиот премиер во интервјуто.

Во врска со црвените линии Заев рече дека ако постојат тие би биле само кочници или блокада во изнаоѓањето решение. Тој напомена дека нашата црвена линија е водилката за да се дојде до решение.

Премиерот порача дека псоакува да се сретне и со лидерот на Независни Грци, Панос Каменос и со лидерот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис, но откако ќе се сретне со грчкиот премиер Ципрас.

Заев порача дека Македонија и Грција треба да бидат пријатели и напомена дека нашата земја се стреми да биде модерна, економски стабилна и социјално одговорна земја која верува во стандадите на ЕУ.

– Јас верувам дека заврши времето Балканот да биде буре барут и доаѓа време кога Балканот треба да продуцира мир, стабилност, соработка, поврзаност, динамичен и слободен проток и на луѓе и на идеи, објасни македонскиот премиер.

Тој упати порака дека треба да се свртиме кон иднината, а не да бидиме заробени во минатото. Според Заев, Александар Велики треба да биде нешто што ќе не спојува сите, а не да не дели. Во врска со преименувањето на аеродромот и автопатот, тој рече дека ако тоа е од голема важност дека е подготвен да разговара и за тоа прашање.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски