Неверојатни 22 милиони евра по сезона му се понудени на Пеп Гвардиола за да застане на кормилото на Челзи, пренесуваат медиумите на Островот.
Доколку ова е точно, тогаш навистина рускиот милијардер Роман Абрамович сериозно сака да „Стемфорд бриџ“ да го донесе шпанскиот стратег, кој сезонава одмора по заминувањето од Барса во мај минатата година.
Според шпекулациите, Пеп размислува за понудата, но се уште нема донесено одлука, ниту пак има упатено одговор. За Гвардиола подолго време се интересираа повеќе европски гиганти, меѓу кои Манчестер сити, Милан….