ВИДЕО: Буџетот на Државниот инспекторат за животна средина зголемен за 60 отсто

Од:

Во 2018 година Државниот инспекторат за животна средина ќе планира набавка на опрема за индикативни и споредбени мерења со акредитирана лабораторија за животна средина, воспоставување на целосна база на податоци за процена на ризик, отворање на нова веб страница, јакнење на човечките ресурски, како и изработка на стратегија за спроведување на законодавството по плански региони.

Ова го соопшти денеска директорот на ДИЖС, Мирослав Богдановски, кој кажа дека буџетот на Испекторатот за 2018 година е зголемен за 60 отсто на 24,7 милиони денари.

– Посебен акцент е ставен на планирањето и фреквенцијата на инспекциските надзори. Целта е секој индустриски субјект, подлежен на надзор, да направи посебна анализа на ризик со што ќе се оптимизира бројот на надзорите и ќе се дејствува превентивно, изјави Богдановкси.

Во 2018 година фокусот на надзорите ќе биде на индустријата што подлежи на А-интегрирани дозволи како цементарница, рафинерија, топланите и големите индустриски објекти, управувањето со отпад и заштитените подрачка и води.

– Во моментот инспекторатот располага само со еден водостопански инспектор за целата територија на Македонија. На целата територија на Македонија има 15 инспектори, а на територија на Скопје само три. Планирани се нови вработувања на помлади инспектори за зајакнување на ефикасноста и капацитетот на вршење на инспекциски надзори и инспектори со положени лиценци, изјави Богдановски.

Тој посочи дека граѓаните може да пријавуваат загадувачи, палење на оган и опожарување на 193, кој е отворен 24 часа.

Би можело да ве интересира

Гиновска: Одговорно тврдам дека цијанид неколку стотици пати над дозволеното во Крива Река нема

А1он

Државниот инспекторат за животна средина направил вонреден надзор на изградбата на мини хидроцентралата Мала Река кај Кочaни

Ана Ололовска

Стојковски: Речиси секаде се направени контроли за загадување, нема отстапки во однос на зададените параметри

Ана Ололовска

ДИЖС: Во „Дрисла“ се горел опасен отпад иако нема соодветна инсталација

Ана Ололовска

Стојковски: ДИЖС учествувал во издавањето дозвола за одложување опасен отпад на „Дрисла“

Ана Ололовска

Петровска: Зголемен обемот на надзори, поведени 43 прекршочни постапки, изречени се 36 санкции

Катерина Ѓуровски