Creative House е првата македонска маркетинг агенција и компанија која прифаќа Bitcoin и други криптовалути.
Bitcoin е криптовалута со која се вршат интернет трансакции. Тоа е валута која е независна од политиките на Централната Банка, што ја прави цврста и безбедна валута која е целосно заштитена од влијанието на инфлацијата.
„Creative House е иновативна дигитална маркетинг агенција и некако спонтано дојде одлуката да ја прифатиме оваа иновативна и револуционерна технологија.
Првиот чекор кој го поттикна овој новитет во нашата компанија беше успешната соработка со клиент во Њујорк, кој во декември 2017 се сложи да плати во Bitcoin. Така, оваа пракса решивме да ја примениме и во Македонија“, вели директорот на Creative House, Мики Павлов.