ВМРО-ДПМНЕ денеска одлучува за барањата на СДСМ за изборите

Од:

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска треба да одлучи за барањата на опозицијата во однос на претстојните локални избори.

За потсетување, СДСМ побара, а останатите партии од опозицискиот фронт ги поддржаа барањата, за одржување на локални заедно со парламентарни избори, но од влада која би имала кредибилитет и легитимитет добиен со консензуална поддршка од сите релевантни партии застапени во парламентот.

– Нејзиниот мандат ќе трае само во периодот од распишување до завршување на изборите и нејзина единствена задача е објективно и законско спроведување на изборниот процес. Посебно е важно клучните ресори и институции за изборите да бидат раководени од личности кои со својот личен кредибилитет ќе гарантираат објективност. Тоа се министерот за правда, министерот за внатрешни работи, министерот за финансии и директорот на јавниот сервис МРТВ – рече Црвенковски.

Би можело да ве интересира

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ