Во Манчестер и во Лондон ќе се одиграат два големи дерби натпревара во рамките на 22.коло на англиската Премиер лига.
На „Олд Трафорд“ ќе се игра вечното дерби во Премиер лигата во кое лидерот Манчестер Јунајтед ќе му биде домаќин на Ливерпул. Оваа средба ќе стартува утре од 14 часот и 30 минути, а од 17 часот закажан е почетокот на второто дерби меѓу Арсенал и шампионот Манчестер Сити.
Двојки за денешните натпревари од 22.коло во Англиското фудбалско првенство: (почеток 13:45) КПР – Тотенхем; (почеток 16 часот) Астон Вила – Саутемптон, Евертон – Свонси, Фулам – Виган, Норвич – Њукасл, Рединг – ВБА, Стоук – Челзи и Сандерленд – Вест Хем.
Табела: Манчестер Јунајтед 52 бодови, Манчестер Сити 45, Тотенхем 39, Челзи 38, (натпревар помалку), Евертон 36, Арсенал 34 (натпревар помалку), ВБА 33, Ливерпул 31,.