Силвестер Сталоне примен во болница

Од:

Холивудскиот глумец Силвестер Сталоне бил хоспитализиран со висок крвен притисок, вртоглавица и забрзана работа на срцето. Тој во моментов се наоѓа во болница во Лос Анџелес.

– Примен е во болница поради анализите кои што лекарите сакаат да ги направат. Не е поврзано со стрес, едноставно лекарите сакаат да се уверат дека е добро, изјави негов близок за американските медиуми.

Сталоне имаше тежок крај на минатата година, откако во полициски извештај од 1990 година се наведува дека силувал жена. Тој овие обвинувања веднаш ги демантираше.

– Тоа не се случило никогаш, рече Сталоне и кажа дека тој и неговото семејство, особено сопругата се разочарани што се споменуваат во нечии лаги.

Неименувана жена наводно го посетувала додека снимал филм во Израел во 1987 година, а силувањето се случило три години подоцна во неговата канцеларија во Санта Моника.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Сталоне во Ватикан, разменија боксови со папата: Ги гледав твоите филмови

Предраг Петровиќ

Сталоне го прослави својот 75. роденден

Сталоне му се приклучува на „Одредот на отпишаните“

Жарко Настоски

ВИДЕО: Рамбо престана да се бојадисува, го покажа својот природен изглед

Сталоне: Дојде време да се збогуваме со Роки Балбоа

Наум Локоски