Градот Вангамата во Нов Зеланд воведе забрана за консумирање алкохол на јавно место за време на празниците во обид да се намали криминалот од пијани лица. Сепак, оваа забрана беше заобиколена од една група луѓе на интересен начин.
Групата цела недела правела импровизиран приватен остров конструиран од песок, школку и неколку даски. Тие го наместиле островот за време на нискиот водостој, изнеле маса за пикник и фрижидер за да може да се забавуваат во „меѓународни води“, да гледаат огномет и да се чуваат од полицијата.
– Мислам дека направивме добра зафрканција. Бевме во сива зона на забраната бидејќи бевме на наш остров, изјави организаторот на групата Леон Хејворд.
Островот бил добро направен и издржал и понеделникот, а групата пиела до раните утрински часови на новогодишната моќ.
Градоначалничката на областа Темз Корамандел, Сандра Гоуди изјавила дека е импресионирана од посветеноста на оваа група.
– На сите им беше забавно, а никој не беше загрозен. Иако тврдат дека биле во меѓународни води, сепак не беа, изјави таа.