Заев до Папата: Глобалната хуманитарна криза ќе се решава врз основа на Декларацијата за бегалци и мигранти

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, прими писмо со пораката на Папата Франциск по повод 1 јануари, Светскиот ден на мирот, празник востановен од страна на Католичката црква во 1967 година.

Пораката за 2018 година, по повод Светскиот ден на мирот, е посветена на мигрантската криза во светот, на сите мигранти и бегалци, мажи и жени во потрага по мир.

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев во одговорот до Неговата Светост Папата Франциск истакнува дека „со особено внимание и чувство на загриженост, ја прифативме Вашата порака по повод 1 јануари, Светскиот ден на мирот, што оваа година ја посветувате на мигрантската криза во светот, на сите мигранти и бегалци, мажи и жени во потрага по мир“.

– Искрено ја прифаќаме Вашата загриженост, и се придружуваме кон Вашите заложби дека оваа глобална хуманитарна криза во 2018 година ќе се решава врз основа на Декларацијата за бегалци и мигранти на Обединетите Нации, и дека лидерите на светската организација ќе ја завршат подготовката, и дека ќе ги одобрат двете глобални спогодби. Едната за безбедна, уредна и редовна миграција, а другата за бегалци. Ја делиме и Вашата надеж, изразена во пораката дека со овие спогодби ќе се обезбеди рамка за предлози за политики и практични мерки, како инспирација за унапредување на процесот на градење на мирот, и дека меѓународната заедница ќе најде начин да побара од земјите членки да ги гарантираат правата на бегалците и мигрантите – се вели во одговорот на писмото со порака по повод 1 јануари, Светскиот ден на мирот, на Папата Франциск.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?

Човекот на фотографијата што ја објави Лефков, не е приведениот за подметнување пожар, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Возачот-потпалувач бил со Заев кога ги носеше „бомбите“ во СЈО, ВМРО-ДПМНЕ со фотографија тврди му бил близок

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека уапсениот за подметнување пожар е шофер на Заев: Возеше инспектори, не сум го видел од 2016 одговара екс премиерот