Претседателот на Република Српска најави дека до 15 февруари, кгоа се одбележува Денот на државноста на Србија ќе се усвои заедничка декларација на Република Србија и Србија за опстанокот на Србите.
– Формалниот документ ќе биде именуван Анекс на договорот за специјални и паралелни врски, бидејќи ние сакаме двата парламенти да го усвојат и да го потпишат. Тој документ е готов. Кон средината на февруари е Сретение Господово и Денот на државноста на Србија. Неколку дена претходно парламентите ќе ја усвојат декларацијата, а на Сретение Господово ќе ја промовираме. Тоа е дефинитивен договор, нагласи Додик.