Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, вчера вечер ги посети лекарските тимови на Клиниката за токсикологија и во Ургентниот центар, кои се дежурни за време на новогодишната ноќ.
Дежурните медицински тимови обезбедуваат континуирана 24-часовна здравствена заштита за граѓаните.
За време на посетата, лекарите потенцираа дека се уште нема зголемена фреквенција на пациенти, но тие се подготвени во случај да има потреба од какви било интервенции.