Двојно пониски од просекот за декември се нивоата на Вардар кај Јегуновце, Црна Река кај Новаци и Сатеска кај Ботун, покажува денешното хидролошко мерење.
Според УХМР намалени се и водостоите на Вардар кај Скопје (Зајчев Рид) и Демир Капија, Треска кај Македонски Брод, Пчиња кај Катлановска Бања и Крива Река кај Крива Паланка.
Нивото на Брегалница, кај Берово е идентично со денешниот декемвриски просек, а извесно зголемување бележат Вардар кај Велес и Црн Дрим кај Ложани.
Кај нивоата на Охридското, Преспанското и Дојранското езеро речиси воопшто нема отстапување од просекот за декември.