Научниците истражуваат необични океански вирови

Од:

Научниците испитуваат необична појава во окените на јужната половина на земјата, каде е забележан феномен на помали вртлози кои изгледаат како огромен вир во кој водата се врти во обратна насока.

Науката и порано знаела за постоењето на водени вртлози во oкеаните, но овие новооткриени феномени имаат необични карактеристики. Тие се вртат 10 пати побрзо од обичните вирови, се поврзани под вода во форма на латинската буква U и можат да патуваат низ океанот дури шест месеци.

Било откриено дека овие вирови можат и да вшмукаат помали морски суштества и да ги исфрлат многу далеку од првичното место каде ги заробиле.

Крис Хјуз, океанограф од Ливерпул, вели дека обичните вртлози имаат важна улога за опстанокот на морскиот свет, бидејќи ги креваат хранливите честички од дното на морето и ги носат поблиску до површината, а придонесуваат и кон мешањето на студената и топлата вода.

Би можело да ве интересира

Земјата соборува глобални рекорди за топлина десетти месец по ред

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

ОН: Озонската обвивка постепено се обновува

Ана Ололовска

Денеска почнува зимата

Ана Ололовска

ЕСА разгледува можност за пренос на енергија од вселената на Земјата

А1он

Научна студија: Никаде на Земјата дождовницата не може да се пие

Ана Ололовска