Горан Митровски е најдобар полицаец за 2017 година во Крива Паланка додека Стојне Велиновски најуспешен пожарникар од кривопланечката противпожарна единица.
Градоначалникот на општината Борјанчо Мицевски денеска на пригодна свеченост им ги врачи наградите на најуспешните и порача дека наградувањето е со интенција ваквата пракса да продолжи, со цел поттикнување на сите други службеници, стопанственици и останати работници од јавниот и приватниот сектор да бидат максимално посветени во исполнувањето на работните задачи и обврски.